Реклама

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Македонија

Ќе се ревидираат критериумите за здравствено осигурување

Ќе се заоструваат критериумите за право на здравствено осигурување во Македонија. Фондот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се заоструваат критериумите за право на здравствено осигурување во Македонија. Фондот за здравство заедно со Управата за јавни приходи и МВР ќе истражува колку „фантомски“ осигуреници има во државата. Во фокусот ќе бидат луѓе кои се осигурани по основ на невработеност, а од ФЗОМ велат дека ризикот од злоупотреби доаѓа од осигурениците кои неформално работат во сива економија и оние кои живеат во странство и приходите им се таму. Ваквите сомнежи ќе се испитуваат во следните неколку месеци по барање на Фондот, кој алармира дека во земјата има помалку жители отколку здравствени осигуреници.

“Ризикот е од две групи. Првата е сива економија каде спаѓаат лица кои остваруваат приходи на неформален начин надвор од трансакциска сметка и во втората група се лица кои не живеат и не ги остваруваат примањата во Македонија. Оваа основа е поврзана со остварени или неостварени приходи на трансакциска сметка. Доколку немате приходи на трансакциска сметка се квалификувате да имате бесплатна здравствена заштита. Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основа на повеќе исплатени капитации (број на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари)“, рече Клековски.

Директорот на Фондот, Сашо Клековски не ја исклучува можноста дека има и лажни осигуреници. А малверзации со здравственото осигурување најверојатно има и кај македонски државјани кои живеат во странство, а кои не се одјавиле од земјата и продолжуваат да користат здравствено осигурување, со тоа што во текот на одморите доаѓаат во Македонија и користат здравствени услуги.

Реклама

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување во државата е над еден милион и 840 илјади, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис.Од нив, 477 илјади се осигурани по основ на неврботени – бројка што отвара сомнеж за можни злоупотреби.