Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Политизација на трагедијата во Кочани: Обиди за манипулација со протестите

Политизација на големата трагедија. Одредени структури се обидуваат трагичниот пожар во Кочани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политизација на големата трагедија. Одредени структури се обидуваат трагичниот пожар во Кочани да го искористат за политички бенефит, сметаат познавачите. Координативниот состанок со странски инструктори за организирање пелнуми е обид да се ископира српското сценарио на македонска територија. Новинарот Бранко Героски за Алфа вели дека и повеќе од јасно е дека има луѓе кои се обидуваат да го исполитизираат целиот момент. 

-Дефинитвно има структури, тоа го видовме и во текот на викендот на луѓе кои што се обидуваат да ги политизираат и да ги изманипулираат протестите. Да се разбереме протестите во принцип се легитимни. Се е тоа легитимно додека е арартикулирано, изјави Героски.

Според познавачите, оправданиот гнев на граѓаните некој се обидува да го искористи за политички бенефит и рејтинг. Героски смета дека револтот на луѓето треба да помогне за системски промени, кои според него почнуваат да се случуваат.

Реклама

-Гласот на младите луѓе, гласот на студентите, гласот на народот, на сите кои се тажни поради оваа трагедија, кои се разочарани поради оваа трегаедија, да се артикулира во насока на притисок и поддршка истовремено на институциите да завршат добра работа со истрагата, да ги откријат виновниците и да почне еден процес за едно пошироко средување на стандардите, изјави Героски.

Според Героски, оние кои најавуваат организирање протести, немаат реалистични барања.

-Најави за организирање протести кои не се артикулирани, на кои не се поставуваат реалистични барања и кои всушност би послужиле евентуално како обид за создавање хаос и за дезевоирање на институциите. Тоа е голем проблем, јас лично не би поддржал такви протести, изјави Героски. 

Ваквите активности наликуваат на сценарио кое во Македонија го имаше во 2016-та година. Сега наместо тишина и достоинствено изразување на тагата, има еден вид координирана офанзива кон целиот државен систем. Според познавачите, протестите и јавните настапи се злоупотребуваат за лична промоција, медиумска хистерија и поттикнување гнев во функција на политички калкулации што се потврди и во видеото кое исплива на социјалните мрежи а во кое таканаречените активисти на моменти и низ смеа договаат следни активности и добиваат совети од српска инструкторка.

Инаку, на снимките објавени на социјалните мрежи се слушаат совети како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционале дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки. Меѓу присутните на онлајн состанокот и еден од најгласните е членот на Црвена Младина, младинското крило на Левица, Кирил Митановски.

Матеја Петровски