Изложба на уметникот Гоце Божурски „Траги на љубовта–хартијата како мембрана“ ќе биде отворена вечер во галеријата Остен во Скопје.
Во ера на дигитален „талог“ и технолошка стерилност, Божурски создава цртежи на стар начин — со трага од раката, со топлина, со трпение. Токму затоа неговите дела делуваат како документи на допир, како наталожени сведоштва за средбата меѓу хартијата и материјалниот свет, наведуваат од галеријата.

Автор е на стотици осврти и критики за наши и странски современи уметници. Има напишано и десет книги/монографии од областа на ликовната уметност. Член е на ДЛУМ и ИКОМ. Меѓу неговите позначајни признанија се наградите „Лазар Личеноски“, „Димитар Кондовски“, „Златна четка“ и „Остенов уметник на годината“, како и признанието „Музејски работник на годината“ во 2019 година.

