Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Здравство

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Протече технички исправна вода од гостиварските чешми. Граѓаните конечно по десет дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протече технички исправна вода од гостиварските чешми. Граѓаните конечно по десет дена неизвесност можат непречено да се тушираат, да мијат садови, да перат и да чистат, но се уште не смеат да пијат и да готват.

Надлежните велат дека системот постепено се стабилизира. Во тек се постојани анализи и засилен мониторинг на квалитетот на водата, со цел гостиварци што поскоро да добијат здравствено исправна вода за пиење. Враќањето на водоснабдувањето значи големо олеснување за илјадници семејства кои изминатиот период се соочуваа со сериозна криза.

“По повеќекратни испитувања на водата имаме добиено потврда од страна на експертите од анализите коишто се правени, дека може да се користи како техничка вода, но, пак ќе повторам, не може сe уште да се користи како вода за пиење или пак за приготвување на храна. Сакам лично да изразам огромна благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа на сите експерти и луѓе коишто беа вклучени на терен. Тие се тие коишто ги превземаа сите професионални активности во делот на хиперхлорирање, поставување апаратура за да дојдеме до оваа фаза, техничка вода за употреба, а се надевам за брзо ќе ја известиме јавноста точно кога и повторно ќе дојдеме до вода за пиење” – вели министерот, Панче Тошковски.

Реклама

Експертите велат дека во сите анализи водата ги исполнува условите за техничка употреба. Но, чешмите се уште не се безбедни за пиење. Во наредните денови продолжуваат нови мерења на повеќе локации низ Гостивар, а ако резултатите останат добри, надлежните најавуваат дека водата наскоро повторно ќе биде исправна и за пиење.

„Кај сите примероци, три дена последователно, е забележано отсуство на колиформни бактерии и поради тоа што е извршено хлорирање со поголема концентрација, кај примероците не е регистрирано присуство на трихалометани над дозволени граници. Резултатите се доставени на кризниот штаб и на Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган“,рече Аневска.

Во најтешките денови од кризата во Гостивар, граѓаните не беа оставени сами. Со поддршка и координација од Владата беа преземени мерки за обезбедување на вода за најпогодените, како и логистичка помош од институциите и населението. Флаширана вода и натаму ќе се доделува на повеќе точки во градот.

Во однос на тоа дали треба да се засили обезбедувањето на водоводните системи – според министерот Панче Тошковски тие не треба да ги обезбедуваат ниту Армијата, ниту Полицијата. Тој вели дека тоа е обврска на институциите кои управуваат со овие системи во рамките на општините.