Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Врхововен ја потврди пресудата, 13 години затвор за Васил Јованов за прегазувањето на Фросина Кулакова

Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, кој минатата година на пешачки премин во Скопје ја усмрти Фросина Кулакова. Со оваа одлука казната затвор од 13 години останува во сила, а осудениот повеќе нема правни можности за нејзино намалување.

Во соопштението објавено на веб-страницата на судот се наведува дека одлуката е донесена по одржана седница на советот на 11 март годинава, со што се потврдува 13-годишната затворска казна за Јованов.

– Врховниот суд на Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржаната седница на советот на 11.3.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В. Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.5.2025 година и пресудата на Апелацискиот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен за виновен за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 (тринаесет години) – информираат од Врховниот суд.

Реклама

Васил Јованов првично беше осуден на 12-годишна затворска казна од Основниот кривичен суд Скопје, па Апелацискиот суд Скопје му ја зголеми казната за една година.

Јованов на 29 јануари 2025 година, управувајќи возило „пежо 207“, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удрил во 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди, при што таа починала на самото место.