Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на СДСM, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСM и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тоа се потврди и овој пат со проектот „Безбеден град“. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат.

Изминатиов период јавност беше сведок како активисти на СДСM кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.

Реклама

Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.

А од друга страна, СДСM и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.

Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

Во периодот на власт на СДСM и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.

Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДСM и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.

Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДСM и Филипче.

Но, на СДСM, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.

И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните.