Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Македонија“ од Законот за заштита на децата. За Судот во оваа фаза од постапката, како што информираат од Уставен, клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот – дете чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите права како и сите други граѓани.

-Пред Уставниот суд основано се постави прашањето дека со оспорената одредба се прави разлика меѓу деца родени во државата и деца родени во странство, иако и едните и другите имаат родители државјани на Македонија. Според Судот, самото место на раѓање не може да биде основ за ограничување на право кое им припаѓа на државјани по сосема друг основ, односно по потекло – стои во соопштението од Уставен суд.

Во таа насока, Судот изрази сомнеж дека Законодавецот без легитимно и разумно оправдување ги става во понеповолна положба децата родени надвор од државата, со што се повредува уставното начело на еднаквост, но и индиректно се навлегува во слободата на движење на граѓаните.

Реклама

Судот, земајќи претпоставена ситуација изрази сомнеж во неуставноста на одредбата, односно секоја бремена жена има право слободно да патува согласно својата здравствена состојба, а раѓањето во странство може да биде резултат и на непланирани или предвремени околности, без притоа да постои намера за трајно иселување. Токму затоа, Уставниот суд цени дека местото на раѓање не смее да биде критериум за нееднаков третман на децата на македонски државјани.

Во врска со предметот У.бр. 93/2025  Судот, информира ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на  член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Македонија“ бр.75/2025).

-Судот по ова прашање веќе одлучуваше на седницата одржана на 18 февруари 2026 година.  Согласно член 38 од Актот, Судот оцени дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата, информираат од Уставен суд. Подносител на иницијативата, е Илија Ивановски од Република Србија.