Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Трагедијата во Kочани се уште се користи за политички пресметки

Како се наближува 16 март, кобниот ден кога пред речиси една година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како се наближува 16 март, кобниот ден кога пред речиси една година животот го загубија 63 деца од пожар во дискотеката во Кочани, така на голема врата се повеќе се политизира несреќата која ја зави Македонија во црно. Власта вели дека се сочуствува со семејства и дека се обидува да стори се што може за правдата да биде задоволена, оти штетата и жртвите нема како да бидат вратени, но тие се обидуваат да направат се за помош на семејствата.

 Од друга страна , како што и претходно обвинуваа од власта, опозицијата во обид на добивање на политички поени , се обудува да го политизира случајот. При денешната посета на Кочани , премиерот Мицкоски рече дека иако овој пат дошол за добри вести и најава за инфраструктурни проекти, сепак секое доаѓање ќе го потсетува на страшната несреќа која засекогаш ќе остане врежана во сеќавањата на Македонија. Вели државата работи за помош и е тука за кочанчани.

Премиерот направи спредба на две големи трагедии – онаа во Кочани и онаа во Кран Моната, Швајцарија која се случи само неколку месеци подоцна.

Реклама

Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана, можам да кажам едка неколку кратно подобро се справивме. Во сите параматри во сите споредби. За жал, не постои начин како да ги вратиме тие кои што за жал не се повеќе со нас. Но од аспект на системска реакција кога ќе го споредиме тој настан, со оној настан што се случи во дискотеката во Кран Монтана, неколку кратно подобро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски, реагираа подобро отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки. – рече Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Во пожарот во Швајцарија кој изби на новогодишната ноќ во 2026 година, животот го изгубија над 40 луѓе, а повеќе од 100 беа сериозно повредени. Според првичните наоди од истрагата, и оваа трагедија била предизвикана на сличен начин – од искри од огномет кои дошле во контакт со пена поставена на таванот од подрумот на зградата. Швајцарското обвинителство отвори кривична истрага против сопствениците на барот каде настана пожарот, а под истрага се ставени и локални функционери и градоначалникот на Кран-Монтана, поради сомнежи за пропусти во безбедносните инспекции.

Пожарот во кочански „Пулс“ пак однесе 63 животи, а над 200 беа повредени. Истрагата подоцна утврди дека  во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Судскиот процес е во тек.