Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола

Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се тројца пешаци. Сообраќајните несреќи се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се тројца пешаци. Сообраќајните несреќи се случиле изминатото деноноќие на територија на Скопје, Куманово и Битола, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

Околу 17:20 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А., на возраст од 60 години од главниот град на државава, удрило во пешакот Б.К., 59-годишна скопјанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје.

Околу 19:25 часот било пријавено дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 23 години од овој град, удрило во С.К., 67-годишна сограѓанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната С.К., констатирани во Општа болница – Куманово.

Реклама

Во 17:48 часот пак, пријавено било дека на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д., 76-годишна битолчанка и го напуштил местото на настанот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 76-годишната С.Д., констатирани во болницата во Битола.

Извршени биле увиди од увидни екипи на секторите за внатрешни работи – Скопје, Куманово, Битола.