Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Судијата Ристов не се чувствува виновен за заѕиданите пари

Не сум виновен и обвинителството нема законска основа да ме гони за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не сум виновен и обвинителството нема законска основа да ме гони за овие кривични дела. Вака се бранеше судијата Ѓоко Ристов на првото рочиште, откако во семејната куќа во Неготино, полицијата пронајде заѕидани 350 илјади евра. На Ристов му се суди за перење пари, противправно стекнување и прикривање на имот. Тој тврди дека парите се на неговите родители, а ако Обвинителството го товарело за перење на пари, тогаш треба да докажат од каде му биле парите. Од обвинителството кажаа дека не обезбедиле докази од кое друго кривично дело потекнуваат, туку се сомневаат дека се од поткуп. Обвинителката Искра Хаџи Василева е убедена дека судијата Ристов е виновен. Според доказите постоело силно сомнение дека парите потекнуваат од поткуп.

„Уверена сум дека Судот ќе овозможи правилно судење во разумен рок. А, од доказите што ние ќе ги презентираме, уверени сме дека ќе ја докажеме вината на обвинетиот за дејствијата што му се ставаат на товар“, вели Искра Хаџи Василева обвинителка за оганизиран криминал

Случај во којшто ѕидовите зборуваат, а доказите молчат. Ова е тезата на одбраната на судијата. Адвокатите и обвинитиот тврдат дека парите се на семејството на Ристов. Адвокатот Давидовиќ ќе бара и други вештачења со кои ќе се докажува дека Обвинирелството како што вели инпутира вина.

Реклама

„Ѕидовите зборуваат, а доказите молчат, такво е ова обвинение. Ќе одговориме на холивудскиот наратив на Обвинителството и на нивниот неиздржан филм користејќи го емотовниот нартив на јавноста. Мојот клиент кој професионално си ја извршува работата, беше осуден во јавноста уште пред да почне судењето. Најдени се пари во ѕид на туѓа куќа и не постои доказ кој го поврзува со неговата функција. Ќе докажеме со документи дека неговите родители легално го стекнале овој имот. Второто дело Перење пари е чист сензационализам и претпоставки”, рече во воведниот збор неговиот адвокат Ѕвонко Давидовиќ.

Симтоматично е тоа што предметот  го судат колеги на Ристов. Врховниот суд донел решение дека случајот е од Одделението за организиран криминал и таков оддел има само во Скопје, па оттука нема начин како постапката да се заштити од пристрасноста на колегите судии. Ристов судеше заедно во совет со судијката која сега го суди него, а пред да отиде во Апелација работеше токму во истото Одделение за организиран криминал

Инаку, на овој случај му претходеше притворањето на поранешниот државне обвинител Фехми Става. Тој е за примање поткуп од 50 илјади евра кои требало да завршат кај судијата Ристов за олеснување на мерката притвор на обвинет од случајот Синџир. Парите ги дала сестрата на обвинетиот во јавноста познат како Ѓаволот. Фехми Става се спогоди и доби, затворска казна од година ипол.