Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Прилози

Страшна сообраќајка со четири жртви: Пробиена банкина, пеплосан автомобил, остатоци од изгорен камион

Пробиена банкина, пеплосан автомобил, остатоци од изгорен камион, но и многу отворени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пробиена банкина, пеплосан автомобил, остатоци од изгорен камион, но и многу отворени прашања. Ова е сликата од скопската обиколница која сведочи за тешката сообраќајна несреќа во која загинаа четири лица. Животот го загубија баритонот и првенец на македонската опера и балет, Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште двајца негови другари на иста возраст. 

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

По налог на Обвинителството уапсен и задржан во полициска станица е 76 годишниот возач на камионот марка „Ман“, кој ја пробил металната ограда и излетал во спротивната лента и предизвика сообраќајка која однесе четири животи.

Реклама

-Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје, изјави Андреевски.

Ристе Велков беше еден од најпрепознатливите оперски баритони во земјава. Роден во 1975 година во Скопје, како солист-првенец на национална опера и балет остави длабока трага на македонската оперска сцена. Во текот на кариерата реализираше 26 улоги, а публиката особено го памети по настапите во оперите „Набуко“, „Риголето“, „Магбет“ и Травијата.

Матеја Петровски