Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Стивнува вирусот „Западен-нил“, четири дена без нови приеми на инфективната клиника

Веќе четири дена нема нови хоспитализации на инфективната клиника со заразени пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе четири дена нема нови хоспитализации на инфективната клиника со заразени пациенти од вирусот Западен Нил. Последниот згрижен пациент на клиниката бил на 3 септември.   Во моментов на инфективно  се лекуваат 8 пациенти со потврдено присуство на вирусот  од кои двајца се со потешка клиничка слика и се на респиратор. Речиси сите се мажи а има само една жена со полесна форма на болеста. Викендов почина уште еден пациент од Драчево кој на клиниката  се лекувал од 25 август.

– Викендов регистриран е еден смртен исход на 70 годишен пациент осми по ред кој беше прин на клиниката на 25 август во една изразито тешка општа состојба. Веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација–истакна Фадил Цана-директор на Клиника за инфективни болести.

Пациентот 10 дена бил на Клиниката со континуирана тешка клиничка слика. Имал и многу други сериозни  хорнични болести.  РЕЧИСИ сите хоспитализирани пациенти се од Скопје само еден е од Свети Николе.

Реклама

– Сите пациенти кај кого е потврдена невро инвазивна форма на болеста Вест најл се во напредната возраст сите се над 60 години. Сите се заразени во земјава—истакна Фадил Цана-директор на Клиника за инфективни болести.

До сега во Македонија има вкупно 58 заразени со вирусот, 43 оздравени и осум смртни случаи.  Иако бројот на заразени и хоспитализирани се намалува сепак надлежните апелираат до граѓаните да се почитуваат препораките и ако  почувствуваат симптоми на болеста веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Западнонилската треска обично минува без компликации, но кај  пациентите кои ќе развијат тешка форма на болеста можно е да се јават и долгорочни последици.   Градот Скопје  пак  за среда најави  терестРична дезинсекција против ларви на комарци  на сите водени површини. Инкау според податоците  на  Европскиот центар за спречување и контрола на болести има вкупно 1 086 случаи на вирусот Западен нил  во 15 земји, а бројот нагло пораснал во  последните недели.  Само во почетокот на август биле  пријавени нешто повеќе од 240 случаи во седум европски земји. Италија има  најмногу случаи – 516,  следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88. Вкупно се погодени 144 подрачја ширум Европа, од кои само 62 се  во Италија.