Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Сопругата на премиерот Мицкоски на глобален самит за образование и дигитална писменост, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп

Сопругата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопругата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.

Како што соопштија од владината прес-служба, овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествувале претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.

Во рамките на самитот, се посочува, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Реклама

Настанот бил насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.

„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакнала во своето обраќање првата дама на САД.

Централен момент бил претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обратил и комуницирал со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Овој дел од програмата, се нагласува, бил замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.

Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка, стои во соопштението.