Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимоски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, почнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите. 
 
На дневен ред на 85. седница се предлог-одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Македонија, предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Пратениците ја утврдија потребата за носење предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, со кој се предвидува продолжување на рокот за дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно законот да важи до 3 март 2031 година. 

Во прво читање се предлог-законот за органско земјоделско производство и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Македонија. 

Реклама

На дневен ред на седницата е и предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово.