Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Се утврдуваат актуелната состојба и реалните можности за скопското Кале да се отвори и да се стави во активна културна функција

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Кале заедно со проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција, информираат од Град Скопје. 

Во рамките на посетата била нагласена јасната определба на Град Скопје за внимателно, стручно и одговорно приспособување на просторот, со цел, како што велат од Град Скопје, скопското Кале да прерасне во жива културна сцена достапна за граѓаните, уметниците и посетителите, при целосно почитување на историските слоеви, автентичноста и културното наследство. 

– Овој пристап е во согласност со современите европски практики, каде што локалитети со исклучителна историска и симболична вредност се интегрираат во активниот културен живот на градовите како дел од пошироката визија „Скопје – европска престолнина на културата“, која има цел долгорочна културна трансформација и одговорно пренесување на наследството на идните генерации – се вели во соопштението од Град Скопје.

Реклама

Ѓорѓиевски истакнал дека како градоначалник има јасна и недвосмислена цел, која подразбира целосно отворање на просторот на копското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство.

Во светот постојат многубројни позитивни примери, каде што објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази. Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита туку и активна смислена интерпретација на културното наследство. Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија – нагласил Ѓорѓиевски.

Неговата реафирмација, додава, е јавен интерес и обврска кон идните генерации да им се остави град што го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина.