Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Ревизија бара да се преиспита како се распределуваат парите за реклами на изборите

Да се преиспита начинот на распределба на парите за платено политичко рекламирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се преиспита начинот на распределба на парите за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи, но и да се усогласат законите кои го уредуваат оданочувањето на изборните активности, бара Државниот завод за ревизија.

Ревизорите објавија и дека над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности во 2024 биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање. По извршената ревизија на финансиските извештаи, од ДЗР потсетуваат дека изборните пари се распределуваат по претходен писмен договор.

Односно, најмногу 45 отсто од рекламниот колач може да искористат двете најголеми политички партии од власта со најмногу гласови за пратеници на последните избори. Исто толку, најмногу 45 проценти по истиот принцип одат за двете опозициски партии, најмногу 7 отсто кај партиите кои немале доволно пратеници да формираат пратеничка група и – 3 проценти за партиите кои не се застапени во Собранието.