Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Покрената истрага и побаран притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајката во Скопје во која загина мотоциклист

Скопското обвинителство ќе спроведе истрага за 31-годишното лице кое е осомничено дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопското обвинителство ќе спроведе истрага за 31-годишното лице кое е осомничено дека свртувајќи на дупла полна линија и управувајќи возило под дејство на дрога удрило во 19-годишен мотоциклист кој од ударот се здобил со тешки повреди од кои починал. За осомниченото лице е побарана мерка притвор. 

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата, велат од Републичкото јавно обвинителство. 

Исто така, додаваат оттаму, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото го управувал под дејство на наркотична дрога.

Реклама

-Бидејќи не се придржувал кон прописите  осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно. Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, појаснуваат од Обвинителството. 

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила на 29 мај на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.

Како што информираа од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје.

Мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.