Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

По четири дена молк се огласи Гаврил Бубевски: Ако Кадриу јавно не ми се извини, ќе ја тужам за клевета

По четири дена молк од изнесените тврдења на обвинителката Кадриу, се огласи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По четири дена молк од изнесените тврдења на обвинителката Кадриу, се огласи обвинителот Гаврил Бубевски. Најостро ги демантира, како што вели, клеветите и измислените наводи изнесени од Лејла Кадриу во интервју во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, емитувано на 7 февруари. Тврди дека изнесените наводи имале цел да наштетат на неговиот углед и на личниот и професионалниот живот.

„Доколку не добијам извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и во суд ќе се докаже дека сè што беше кажано во наведената емисија е апсолутна невистина. Вистината е дека јас никогаш во мојот живот не сум имал четири мобилни телефони. Додека бев јавен обвинител во СЈО имав еден телефонски број што го користев за цело време додека бев во тоа обвинителство. Ги отфрлам сите наводи за какво било влијание и стојам зад секоја одлука која сум ја донел. Во голем дел од ситуациите кои беа претставени, како што е предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, јас лично воопшто не сум бил присутен, за што имам и соодветни докази. На страна од тоа, записник за тие материјали постои и тој е дел од доказите во предметот „Таргет-Тврдина““, пишува Бубевски во јавниот демант од изутрината.

Тој го оспорува кредибилитетот на Кадриу, нагласувајќи дека не му биле јасни мотивите за вакви и слични настапи, но немал намера во ниту еден момент да им подлегнува на тие лаги и манипулации.

Реклама

„Ќе ги искористам сите законски механизми за заштита, како што веќе направив и поднесов тужба и за лагите изнесени од уште еден адвокат – поранешен обвинител кој јавно настапува со истите намери и мотиви. Очекувам во судска постапка да се докаже вистината наспроти лагите со кои „храбрите“ поединци ја манипулираат јавноста подолг временски период, а со тоа да се утврди и нивната кредибилност како извори за информации во медиумите по однос на вистинските состојби во правосудството“, пишува Бубевски во писмото до медиумите.