Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе помош за судската постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на д-р Жан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница. Преку државните институции и инсталациите во правосудството Заев и Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев за на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција.

По замрзнувањето на личните сметки на д-р Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.

Но Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на д-р Жан Митрев да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.

Реклама

Овој однос и начин на функционирање на СДСM за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата „Жан Митрев“ не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.

Изјавите на д-р Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДСM, Заев и Филипче кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има!