Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Петрушевски: Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година скоро 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“ Клиника со народни пари

Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДСM, Венко Филипче и Зоран Заев. Со овој случај се покажа дека за СДСM и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен со изнуда, притисоци, тргување со правдата нудејќи му помош во судска постапка, како што јавно сведочеше доктор Жан Митрев, СДСM, Филипче, Заев и компанија ги користеле и парите на граѓаните за да стигнат до сопственоста на приватната болница.

Очигледно Филипче и фрлил око на болницата уште пред да дојде СДСM на власт, па така веднаш по нивно влегување во владата се зголемуваат и финансиските средства од државата кон приватната клиничка болница.

Реклама

Буџетот на болницата расте од година во година за во 2020 година, кога министер за здравство е токму Венко Филипче, да се зголеми скоро за дупло од тоа што бил во 2015 година.

Во 2015 година, кога СДСM сè уште е опозиција, буџетот на клиничката болница бил 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, во 2017 година се зголемува на 406.600.000 денари, во 2018 година повторно се зголемува и достигнува 457.000.000 денари.

Зголемувањето на буџетот продолжи и во 2019 година, кој достигна значителни 612.000.000 денари, за во 2020 година да достигне 682.000.000 денари или скоро 11 милиони евра, што е дупло зголемување споредено со 2015 година.

Високите приливи на народни пари од државните институции продолжија и во следните години власт на СДСM и министерување на Филипче. За следните 2021 и 2022 година, буџетот на Жан Митрев изнесувал 602.000.000 денари, за 2023 година околу 548.000.000 денари, додека за 2024 година околу 515.000.000 денари.

Прво, значително намалување на народните пари кои и се префрлаат на оваа приватна Клиничка болница е минатата 2025 година, кои изнесуваат 479.883.000 денари, односно со преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките зборуваат повеќе од јасно дека, Филипче како министер за здравство и СДСM како власт, правеле огромни приливи на средства кон Клиничката болница Жан Митрев.

Тоа што не е јасно и на што Венко Филипче треба да даде одговор, дали овие големи трансфери на пари на граѓаните кон оваа болница биле за да го оствари неговиот голем мерак за влез во профитабилниот приватен здравствен сектор?

Поточно, дали префрлајќи големи суми државни пари на сметка на болницата, сакал да ја компензира, односно да ја намали нејзината вредност за тој да ја купи по багателна цена?

За сето ова очекуваме одговори и одговорност. ЈО да ги истражи сите овие наводи и сомнежи за криминал и злоупотреба на службената положба.