Реклама
Македонија

Обука на РАИ за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во областа на Проценка на ризикот од корупција

– Национална обука за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национална обука за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во областа на Проценка на ризикот од корупција (ПЗК) ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Регионалната иницијатива против корупција (РАИ). 

На отворањето, како што информираат организаторите, воведни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, амбасадор на Австрија Мартин Памер и директорот на Регионалната иницијатива за борба против корупцијата (РАИ) Алберт Хани.

Настанот е трет од серијата национални обуки организирани во рамки на проектот Југоисточна Европа – Заедно против корупцијата II (СЕЕ-ТАК II), финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства од Австриската развојна соработка и имплементиран од РАИ и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).