Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Неколку региони поплавени, вонредни интервенции на ЦУК

По обилните врнежи и излевања на реките, Центарот за управување со кризи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обилните врнежи и излевања на реките, Центарот за управување со кризи вонредно информира дека институциите преземаат на терен координирани мерки за справување со последиците од поплавите во повеќе региони низ Македонија.

    По поплавите во скопскиот регион, во општина Сарај, во селата Буковиќ и Семениште, преземени се активности за надминување на состојбата. Интервенираат општинските надлежни служби, но и противпожарните бригади, како и екипи од Водовод и канализација.

    Во кумановскиот регион, во општина Липково, реката Слупчанка излезе од своето корито во село Опае, при што е зафатен дел од селото, а најголем дел од поплавените површини се земјоделско земјиште. Излевање е регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде се зафатени земјоделски површини.

    Реклама

    Во гостиварскиот регион евидентирани се повеќе случаи на поплавувања во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Во село Беловиште интервенирано е по пријава за заглавени луѓе во поплавен објект, при што тие се безбедно извлечени.

    Во село Форино пријавено е излевање на реката Вардар, со поплавени земјоделски површини и потенцијален ризик за куќите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Во координација со надлежните институции ангажирана е механизација за отстранување на пречките од речното корито“, информираат од Центарот за управување со кризи.