Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

„Нашата држава е кредибилен сојузник“ – Мисајловски на средба со амбасадорот на САД во НАТО, Витакер

Нашата држава е кредибилен сојузник со исклучително високо ниво на инвестиции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата држава е кредибилен сојузник со исклучително високо ниво на инвестиции во процесот на модернизација и опремување на Армијата, со што заеднички ја зајакнуваме и колективната одбрана на НАТО, порача денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски по средбата со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во НАТО, Метју Витакер.

Министерот Мисајловски, како што соопшти Канцеларија за воени односи со јавноста, ГШ на Армијата, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, го пречекаа американскиот амбасадор во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што разговараа за инвестициите во Армијата, исполнувањето на НАТО-целите на способности и зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата.

Мисајловски истакна дека одбранбениот буџет е во континуиран раст и се реализира согласно предвидената динамика. Информираше дека 32,5 проценти од државниот Буџет се издвојуваат за набавка на нова и модерна опрема.

Реклама

Според него, државата е на добар пат до 2035 година да го исполни заеднички договореното ниво од 3,5 проценти од БДП за одбранбениот буџет и дополнителни 1,5 проценти од БДП за активности и проекти поврзани со одбраната.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, информираше дека во тек е вежбата „Блесок 26“, во рамки на која ќе се изврши оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, при што ја нагласи поддршката од Соединетите Американски Држави и сојузниците за остварување на оваа НАТО-цел на способност.

Во текот на посетата реализирана е и методско-показна вежба од припадници на Баталјонот на специјални сили и Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, на која беа презентирани нивните способности, обученост и подготвеност за извршување на сложени мисии.

По завршувањето на вежбата, амбасадорот Витакер изврши обиколка на тактичко-техничкиот збор, каде беа изложени дел од вооружувањето, опремата, возилата и средствата со кои располага Армијата.

На настанот присуствуваа и вршителката на должност шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, како и генерали и претставници на Армијата, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД.

Од Министерството за одбрана оценуваат дека посетата на амбасадорот Метју Витакер претставува потврда за силното партнерство и сојузништво меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.