Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Над 650 пациенти чекаат операција на колк, најдолги листи во „8 Септември“ и ТОАРИЛУЦ

Колкови има, операциони сали нема. Пациентите сами избираат кај кој хирург да бидат оперирани, а со тоа и листите на чекање растат. Анализите на ФЗО укажуваат дека најголем притисок има на Клиниката за трауматологија и ортопедски болести и ГОБ „8 Септември“, таму листите се најдолги. Над 650 граѓани чекаат операција за вештачки колк, додека здравствените […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колкови има, операциони сали нема. Пациентите сами избираат кај кој хирург да бидат оперирани, а со тоа и листите на чекање растат. Анализите на ФЗО укажуваат дека најголем притисок има на Клиниката за трауматологија и ортопедски болести и ГОБ „8 Септември“, таму листите се најдолги. Над 650 граѓани чекаат операција за вештачки колк, додека здравствените власти уверуваат дека бројот на интервенции расте и пристапот до операциите се подобрува. Само лани биле извршени повеќе од четири илјади операции на колк и колено. Според Фондот за здравство, дел од листите на чекање не се должат само на недостиг од термини, туку и на фактот што пациентите фаворизираат одредени хирурзи во одредени болници.

“Листите на чекање се такви какви што се, меѓу другото, во „8 Септември“ и на Клинички, затоа што поединци сакаат да се оперираат кај одреден хирург, а не кај некого кај кого можеби има слободен термин” изјави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Додека едни чекаат со месеци поради болки и ограничено движење, надлежните најавуваат отворање на нови оперативни сали, подобро снабдување со импланти и централен регистар што треба да стави ред во долгите листи на чекање.

Реклама

„Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува. Следува отворање на оперативните блокови на Клиничкиот центар и во ГОБ ‘8 Септември‘, како и понатамошен развој на коленската артропластика“, вели Клековски.

Македонија е чекор напред во регионот кога станува збор за операциите на колк. Според податоците на Фондот , лани биле извршени 198 операции на колк на 100 илјади жители, со што земјава е пред Бугарија, Србија и Романија.Но, додека кај колковите сме меѓу подобрите во регионот, кај операциите на колено се уште заостануваме. Единствено Словенија е пред сите, со околу 210 операции на колк на 100 илјади жители.

Во анализата на ФЗОМ не се вклучени пациенти кои се оперирале од колк и колено во приватните здравствени установи.