Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Прилози

МВР и ОЈО со детали: Директорот Анакиев барал мито од 100.000 евра, добил половина, а сега можеби ќе добие и притвор

Побарал рекет од 100.000 евра, добил половина, па сега можеби ќе добие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Побарал рекет од 100.000 евра, добил половина, па сега можеби ќе добие и притвор, кој го бара Обвинителството. Првата рата од митото вредна 50.000 илјади евра му донесоа лисици на рацете на Васе Анакиев, директор на Инспекторатот за земјоделие. Тој е осомничен за кривично дело корупција. Ова доаѓа по истрагата која што Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја спроведе во координација со Министерството за внатрешни работи. Тој побарал мито за да му дозволи на увозник во Македонија, да внесе производи која наводно била забрането во земјава

-Осомничениот, во период од 5-ти овој месец до вчера, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, директно побарал значителна имотна корист за себе за да „изврши службено дејствие што би морало да го изврши“ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на правно лице, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање на поткуп, велат од ОЈО.

Пред законот сите се исти, нема веќе селективна правда, сите ќе одговараат ако се огрешиле, порачуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Од таму ја поздравуваат акцијата и велат дека на овој начин се враќа довербата во институциите и правниот систем, бидејќи во време на СДСМ и ДУИ јавноста беше сведок на бројки скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во органите на прогонот.

Реклама

-Секој кој се огрешил пред законот без разлика дали е од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ или било која друга политичка партија треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот. Воедно ја поздравуваме акцијата на МВР и ова порака до сите дека со законот нема играње. Дополнително ние не очекуваме ова да го разберат колегите од СДСМ, затоа што тие се уште една иста криминална банда која што сака да дојде на власт, само за повеќе да краде, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Акцијата на МВР и Обвинителството ја поздравуваат и од Социјалистичката партија на Македонија, коалициониот партнер во власта, од каде доаѓа Анакиев.

-Нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција. Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност, порачаа од СПМ.

Доказ дека во државава веќе нема селективна правда е што во само неколку месеци ова е второ апсење на актуелен функционер од власта во делот на земјоделието. На шести ноември минатата година, за примање мито приведен беше директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Илија Стоилев, функцинер на ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски