Реклама
Прилози

Муцунски: Услови за уставни измени нема

Услови за уставни измени нема , имаме  недостиг на доверба и недостиг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Услови за уставни измени нема , имаме  недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава – оваа порака ја упати денеска шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Министерот за надворешни работи истакна дека Македонија работи на реформите,реформската агенда ,  продолжува да си ја работи својата домашна работа и имплементацијата на европските вредности.

Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен.Во овој контекст, нашата држава не е подготвена за уставни измени.Постои недостаток на доверба и недостаток на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава.Така што, во овој момент нема услови за уставни измени и Владата не е подготвена да преземе каков било чекор во таа насока.Дали правиме конкретни работи поврзани со нашата европска перспектива?Не сакам да бидам репетитивен, бидејќи ова е тема што е многу актуелна во последниот период.Да, правиме.- рече Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

Во однос на тоа дека денеска се очекува да биде врачен мандатот за составување влада на Бугарија на Румен Радев, Муцунски рече дека негова цел не е ниту да рецензира резултат од избори ниту да рецензира изјави што доаѓаат од Софија бидејќи, како што рече, би навлегол во туѓиот наратив.

Реклама

Недостатокот на волја за таков дијалог постоеше од страна на соседна Бугарија за време на претходната политичка влада.Се надевам дека во Софија постои свест дека европската перспектива на нашата држава е значајна за целиот регион.И доколку таква свест не постои или не се развие, тоа не значи дека ние размислуваме за некаква алтернатива.Ние ќе продолжиме по патот на реформите, ќе продолжиме со усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика и ќе продолжиме да ги споделуваме европските вредности во кои верува огромното мнозинство од нашите граѓани. – рече Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

Во врска со спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права, кои Бугарија не ги спроведува, генералниот секретар на Советот на Европа, Берсе истакна дека постигнат е одреден напредок во последните 12 месеци и кажа оти прашањето ќе го разгледа Комитетот на министри порано, оваа година со цел да спроведувањето на одлуиките да стане реалност.

– Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување. Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме, преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. Постигнавме одреден напредок би рекол, во последниот месец, потребно е малку време, но знаете, мислам, стабилноста на процесот е исто така важна, затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение, рече Берсе. – истакна Ален Берсе – генерален секретар на Совет на Европа.

Во однос на забраната за влез во Бугарија на десет години на адвокатот Тони Менкиноски, којшто ги застапува Македонците од Бугарија пред ЕСЧП, Берсе кажа дека не може да коментира конкретен случај, но, вели, заштитата на адвокатите е од суштинско значење во едно општество.