Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Муцунски повика на обединување: Филипче повторно со повик за Бугари во Устав, ја одби подадената рака

Повик за обединување околу реформските закони и агенда и планот за раст.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повик за обединување околу реформските закони и агенда и планот за раст. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја повика опозицијата на одговорен пристап и дијалог кон европската иднина, а не дненво политички препукувања. Според него интеграцијта не е само политичка парола, туку подразбира реформи, функционални институции, владеење на правото и независно правосудство.

Шефот на дипломатијата порача дека Филипче и неговите сопартијци мора да покажат зрелост и конструктивност, особено за реформската агенда и планот за раст, пред се за изборниот законик и законите во правосудството, од кои што зависат и европските финансии кои земјава треба да ги добие од Брисел.

-Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без и минимум национален консензус за најважните државни прашања. Ова не е процес на една Влада, ова не е процес на една политичка партија, ова е процес што ја определува иднината на државата. Не може вие секојдневно во форма на политичка парола да зборувате Европа, Европа, Европа, а кога сте повикани да учествувате во работна група за закон, измени и дополнувања на закон кој што Европа го бара од нас, да речете ние го бојкотираме процесот, затоа што не ни се допаѓа претседателот на Владата, изјави Муцунски.

Реклама

СДСМ претходно реши да ја напушти работната група за измените во изборниот законик, бидејќи беше донесен законот за Влада, со кој е предвидено по следните парламентарни избори да биде укината техничката Влада. Филипче не ја подадената рака за конструктивност, велејќи дека не можел да соработува со Муцунски, Мицкоски и оваа Влада. Директно запрашан дали би поддржале измени во изборниот законик, само според препораките на ОБСЕ и ОДИХР, што претставуваат техничка работа, повторно реши да обвинува за дефокус.

-Реформската агенда, патот напред уште еднаш повторувам се вика уставни измени, чин кој што ништо не загрозува, еве докажаа и секој ден докажуваат дека лажеле и Гордана, и Христијан и Тимчо. (Конкретно ве прашав дали би поддржале доколку само влезат препораките на ОБСЕ и ОДИХР во изборниот законик, дали така би ги поддржале промените?) Еве ви кажав реформската агенда вети дека треба да ја исполни до јуни, да видиме дали од јуни натаму ќе продолжиме со европскиот пат, првиот чекор се нарекува уставни измени и немојте да дефокусирате, изјави Филипче.

Муцунски нагласи дека секое блокирање, одолговлекување или политизрање на овие процеси не е удар врз Владата, туку врз европската перпсектива на државата и врз интересите на македонските граѓани. Посочи дека земјата е во период кога добива сериозна поддршка и доверба од Европската Унија и затоа сите чинители имаат обврска да покажат одговорност и да придонесат кон реформите, наместо да создаваат политички блокади.

Матеја Петровски