Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Мицкоски: Годинава нема да има избори

Јасно ми е дека партиите се плашат од избори – но предвремени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасно ми е дека партиите се плашат од избори – но предвремени избори нема да има – ова го порача денеска премиерот Христијан Мицкоски по реакциите на дел од политичките партии дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за предвремени избори.

Според Мицкоски , оваа година Владата е посветена на реформи и консолидирање, изборите се предвидени за 2028 година, а неговата партија како што вели првиот човек на Владата е секогаш подготвена на избори.

„Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027  година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните“, вели премиерот Мицкоски.

Реклама

Зошто тогаш вчера најавил дека избори ќе има наскоро – Мицкоски одговори – едноставно такви се законите“ и „мора на секои 4 години да има редовни избори“.

Со реакција се јавија од СДСМ – велат дека Владата и Мицкоски се исплашени по политичкиот пад на Орбан и сега сакале да се спасат преку предвремени избори.

„Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан. Кога ќе снема пари за тендери и за полнење џебови, криминалната организација ВМРО веднаш ќе почне подготовки за избори“, изјави денеска генералниот секретар на социјал-демократите Саша Димитријевиќ.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања поврзани со наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека не гледа како Бугарија го негира македонскиот идентитет, рече дека жали што опозициската партија повторно одлучила да коленичи пред туѓи интереси, наместо да застане рамо до рамо со владата за националните интереси.

Мицкоски во одговорот рече дека добра вест е што наскоро ќе има избори и после тие избори ќе се случи СДСМ да се маргинализира и оти се надева дека Филипче и „таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе кои ја сакаат, ја љубат татковината и коишто ќе се борат за оваа држава заедно со оваа влада и со мене“. – порача вчера премиерот.