Реклама
Прилози

Мицкоски ангажирал „приватен Mосад“ – ВМРО-ДПМНЕ: Нови конструкции и лаги на Филипче

Откако СДСМ му поднесе кривична пријава на премиерот Христијан Мицкоски, денеска опозицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако СДСМ му поднесе кривична пријава на премиерот Христијан Мицкоски, денеска опозицијата со нови идеи и обвинувања – ВМРО-ДПМНЕ ангажирала странски служби за да го следат Филипче и членови на неговата партијата.

Ни помалку ни повеќе, обвинуваат дека, Мицкоски ангажирал „приватен Мосад“ за валкани операции против опозицијата. Странска приватна разузнавачка компанија наводно била ангажирана за следење и дискредитација на СДСМ. Покрај тужби, писма до ЕУ, и барање чаре некој однадвор да им ги реши проблемите дома, сега партијата на Филипче отиде и до таму што обивнува дека ги следат.

„Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници.На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша.Сега истата тактика ја применуваат и во Македонија.Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции – пишува во соопштението на СДСМ.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат – дека станува збор за конструкција и обид за дефокус од реалната состојба во СДСМ. Пратеникот Бране Петрушевски од партиската говорница им порача на социјал-демократите дека жицеат во свет на лаги, конструкции и политичка заблуда.

СДС и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции. СДС и Филипче ликуваат на победа на избори во друга држава на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак нивната сестринска партија освојува незначителни 1% од гласовите.СДС и Филипче и натаму не се дистанцираат и оградуваат од Заев и неговите антидржавни политики, туку напротив, негови луѓе му го тераат ПР-от на Филипче.

Во последниве неколку дена политичката сцена се разжести- премиерот Мицкоски кажа дека имал чувство дека некои политичари од претходните влади на СДСМ ќе се соочат со одредени постапки, по што СДСМ испатија писмо до ЕУ жалејќи се дека ќе биде жртви на политички реваншизам. На што првиот човек на Владата одговори дека сите имаат право да пишуваат каде што сакаат, но дека сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а чуствата кои ги имал сега се се посилно. А токму овие изјави беа поводот СДСМ да поднесат и кривична пријава за Мицкоски за како што велат уривање на Уставот и кршење на законите.