Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Мицкоски: Ќе работиме и ќе испорачаме се друго од реформската агенда, освен промена на Уставот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница истакна дека Македонија и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред т.н. фронтранери, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правдата од таа претходно, затоа што, како што рече, и граѓаните не се задоволни од спора правда.  

– Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ќе се сложиме дека е премногу бавна или воопшто ја нема и дека не сме задоволни. Поврзано со испораката на правдата очекувам во периодот кој следи побрза и поробусна испорака на правдата споредено со тоа што било порано. Имаме отприлика 120-130 ревизорски извештаи на институции доставени до обвинителството, барем ревизорите велат дека констатирале многу незаконитости, очекувам барем врз основа на тие ревизорски извештаи да се постапува и испорача правда, изјави Мицкоски одговарајќи на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Премиерот посочи дека Владата прави се Обвинителството и судовите да добијат услови за работа за да ја испорачаат правдата и за да работат попродуктивно. Потенцира дека службениците во судовите и обвинителствата ќе добијат 40 проценти зголемени плати, 200 нови вработувања, како и се почитува одлуката на Уставен суд да се вратат платите на судиите од 2025 година. Посочи дека нема да има дополнителни зголемувања без јасни резултати.

Реклама

-Конкретно сега имаме еден камен на сопнување, каде што треба да се регулираат, повторно се се сведува околу платите на судиите и обвинителите. Тој е оној камен на сопнување за кој ние во Реформската агенда сега разговараме. Сега се бара дополнителни зголемувања на примањата. Дополнителни зголемувања без јасни резултати нема  па дури и по цена да пропадне тој чекор, бидејќи со ова што ние го направивме, како влада што го овозможивме е континуиран раст на платите на вработените во судовите. И ова јасно на следниот состанок на господинот Герт -Јан Копман ќе му го кажам. Се бараше зголемување, се овозможи зголемување, се бараше измена во закон, се овозможи измена во закон, се бараше зголемување на вработените службеници, се овозможи 200 нови вработувања, но континуирано ние да овозможуваме средства за зголемување на буџетите и платите без притоа да има никакви резултати, т.е. резултати кои не враќаат назад, тоа како влада нема да го дозволиме, потенцираше Мицкоски.

Премиерот нагласи дека и да не успее овој чекор, ние и во јунскиот извештај ќе бидеме подобри од самопрогласените фронтранери исто како што бевме во декемврискиот и така ќе бидеме до крај. Потенцира дека Владата се друго ќе работи и ќе испорача, но, како што истакна, ќе го изолира прашањето за кое опозицијата води кампања за промена на Устав, за кое останува цврст и непроменет ставот.

– И ќе го изолираме ова за коешто денеска опозицијата води кампања – промена на Устав. Се друго ќе работиме и ќе испорачаме. Тоа што зависи од нас. Но, промена на Устав ќе го изолираме. Сме го кажале нашиот став по тоа прашање коешто е цврст и непроменет и тука нема дилема. Исто како што сме кажале став и по многу други прашања и се непроменети. Јас разбирам опозицијата, ќе води лажна кампања, но како демохристијанска партија треба да простиме, тоа не разликува нас – тоа што ние умееме да простиме. Ќе простиме, но нема да заборавиме – рече премиерот Мицкоски.