Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Мицкоски: Силната економска активност во вториот квартал е потврда за политиките на Владата

– Во вториот квартал имаме исклучително висока економска активност и зголемен БДП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во вториот квартал имаме исклучително висока економска активност и зголемен БДП од 4,3 проценти, што е потврда за политиките на Владата – оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, според него, е уште една лоша вест за опозицијата, која, како што рече, „повторно жали што Македонија оди напред, а не е вовлечена во нивното политичко мочуриште на лаги, клевети, измислици и конструкции. 

Мицкоски порача дека државата ќе продолжи да оди напред. Не е лесно, вели тој, не се сите проблеми решени бидејќи се наследени многу, но важно е дека работиме и се трудиме сè што е наследено да го решаваме, а да не создаваме нови проблеми. Резултатите по 25-26 месеци излегуваат на површина, имаме раст на индустриското прозводство, стабилизирана инфлација. 

Според Мицкоски, остварениот раст во првото полугодие е меѓу најсилните во Европа и е континуиран во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер – Европската Унија и земјите од еврозоната е 1,2  процент, односно еден процент. 

Реклама

Кога на растот од 4,3 проценти во вториот квартал ќе се додаде и растот во првото тримесечје од 3,1 проценти, како што посочи, дава приближно 3,7 проценти во првото полугодие од оваа година, што е еден од најсилните во Европа. 

– Повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам на мојот став дека ова е едно од четирите најголеми зголемувања на БДП и во првата половина на годината и во второто тримесечје во услови кога за истиот квартал во 2025 година имаме 3,5 проценти раст. Словенија има 3,8 проценти раст во вториот квартал годинава, но 0,7 проценти во вториот квартал 2025 година. Пред нас уште се Малта и Данска. Ги повикувам повторно ботовите на опизицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат „рилсови“ и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, за жал, не може фактите да ги негираат – рече Мицкоски. 

Ќе продолжиме, додаде, и понатаму, 2024 ја завршивме со раст на БДП од 3 проценти, со што влеговме во првата половина од земјите во Европа, 2025 со 3,5 проценти, сега во првото полугодие сме веќе со 3,7 проценти.  – Имаме контиуниран раст во услови кога нашиот најголем трговски партнер – Европската Унија и земјите од еврозоната имаат во целина 1,2 процент, односно еден процент. Ако го видите растот на БДП во периодот 2006 – 2008, имаме раст од 5 проценти, но тогаш ЕУ и еврозоната растат со толкав или поголем процент, што само по себе говори за политиките на оваа Влада, што претставува уште една лоша вест за опзицијата во Македонија, изјави премиерот Мицкоски, кој беше во посета на општина Карпош

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9 отсто и од 5,1 отсто во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата што произведуваат разновидна стока и вршат разни услуги за сопствени потреби.

Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто.

Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14,5 отсто како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонски и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4,0 проценти.