Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

„Мaкедонски телеком“ со контраобвинување за разрешувањето на судијката Савовска – Димитровска

„Македонски телеком“ контра судијката Наташа Савовска Димитровска за обвинувањата дека центри на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македонски телеком“ контра судијката Наташа Савовска Димитровска за обвинувањата дека центри на моќ во Судскиот совет издејствуале таа да биде разрешена.

Од компанијата велат дека Судскиот совет констатирал нејзино незаконско постапување и поради тоа било алармирано и Обвинителството.

Според нив, Комисијата од Советот што утврдувала одговорност за судијката пронашла интерни документи на Телеком кои не биле јавно достапни и изведени во постапката како докази, а судијката најверојатно ги користела при одлучувањето.

Реклама

Како што велат, врз основа на тие материјали, Апелациониот суд Скопје ја преиначил одлуката на првостепениот суд. Со тоа, на компанијата Фокуснет која имала блокирани сметки повеќе од 23 години и немала вработени ѝ била досудена отштета од речиси 4 милиони евра.

Од Телеком велат дека Судскиот совет имал сериозни индиции за постоење на двојни записници поради кои го алармирал Јавното обвинителство.

Комапнијата додава дека ќе ја почитува тајноста на постапката итврдат дека Судскиот совет имал сериозни причини за да ја разреши судијката.

Поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страни ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање, информираат од Телеком.

Инаку, минатата недела судијката побара од Судскиот совет да постапи законски, откако Врховниот суд наложи повторно разгледување на нејзиното разрешување. Поради одлуката во спорот меѓу „Македонски Телеком“ и интернет провајдерот „Фокуснет“ за злоупотреба на монополска положба.

Таа ги отфрла тврдењата за двоен записник како шпекулации и обвинува дека Судскиот совет одлучувал под влијание и со судир на интереси, откако дел од медиумите објавија за наводни нејзини злоупотреби и притисоци.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски вели дека ќе постапат согласно напаствијата на Врховниот при одлучувањето за разрешувањето на Савовска Димитровска. Јавното обвинителство води предистрага за целиот предмет. Спорот меѓу штипскиот интернет провајдер и Телеком е стар повеќе од две децении.