Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина.

Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока.

Со измените на Спогодбата се предвидува, двете земји да воведат либерализација за билатералниот и транзитниот превоз во меѓународниот патен превоз на стоки, односно истиот да се одвива без дозволи.

Реклама

Дополнително, превозниците од двете земји да можат да вршат превоз за/од трети земји врз основа на дозволите што ги разменуваат Македонија и Украина во реципроцитет на годишна основа.

Во однос на билатералниот и транзитен превоз со евро стандард 2, останува да се врши согласно разменетите дозволи исто така на годишна основа. Двете страни ја изразија подготвеноста за унапредување и развој и на превозот на патници.

Вицепремиерот Николоски истакна дека овие измени се во духот на одличните пријателски односи меѓу Македонија и Укрaина, пред се за зголемување на економската соработка, како и намалување на административните бариери во превозот на добра и патници.

Исто така, вицепрeмиерот Николоски ја истакна силната подршка на Владата и македонскиот народ кон Украина и украинскиот народ, потенцирајќи ја подготвеноста за давање на континуирана помош.

Во својот меѓусебен разговор двајцата потпретседатели ги потврдија одличните односи меѓу двете земји, со заложба истите да се продлабочат во време кога за Укрaина следи период на опоравување од воениот конфликт.

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање заклучи дека Македонија како земја членка на НАТО е рамноправен партнер во евроатланските процеси со што даваме силен придонес кон обезбедување на светскиот мир и безбедност.