Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Македонија подава рака, сега останува да се види дали Бугарија ќе прифати разговор или ќе води инает со ветото

Македонија презема иницијатива за отварање на дијалог со Бугарија, подава рака преку директни средби, но ретко кој очекува дека владата во Софија ќе покаже разбирање. Премиерот Мицкоски не знае што може да произлезе од најавената средба меѓу претседателката Сиљановска-давкова со нејзиниата колешка Јотова, но вели не може да се очекува чудо преку ноќ. Според него, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија презема иницијатива за отварање на дијалог со Бугарија, подава рака преку директни средби, но ретко кој очекува дека владата во Софија ќе покаже разбирање. Премиерот Мицкоски не знае што може да произлезе од најавената средба меѓу претседателката Сиљановска-давкова со нејзиниата колешка Јотова, но вели не може да се очекува чудо преку ноќ. Според него, Македонија има план и стратегија која полека се остварува, и дека тој како премиер ќе стори сè што е во негова моќ да го заштити идентитетот и интересот на граѓаните и на државата. 

  • Ние имаме план и стратегија и одиме кон нив. Чуда никогаш не сме ветувале затоа што не сме чудотворци. Секој кој ветува чуда – лаже. Ние само ветувавме напорна работа, што и го правиме. Знам дека има очекувања некои работи да се случуваат побрзо, но она што денеска го зборувам го зборував уште во кампањата во 2022 година и ќе го зборувам и понатаму бидејќи мора работите да се постават на здрава основа за генерациите после нас да немаат главоболки какви што ние имаме. Работиме темелно, чесно и напорно, а резултаите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за реализација на овие цели полека се случува“изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Со одмерени зборови и во добрососедски дух претседателката очекува да помине средбата со бугарската шефица. Очекувањата се дека ќе стане збор за откочувањето на македонскиот евроинтегративен пат, пред се преку планот на французите и германците, преставен во фамозниот нон-пејмер на макробн и мацј.

Претседателката Сиљановска Давкова го поздравува чекорот, но не сака да коментира додека официјално предлогот не стигне на хартија и со потпис.

Реклама
  • „Мојата оценка е дека кога ќе видиме ’пејпер’, тогаш ќе можам да кажам за што се работи, оти нон-пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, со идеи. Иако секогаш ваквиот тип документи, или многу често, им претходеле на вистинските документи. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам“, вели претседателката на државата во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Силљановска-Давкова ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Софија. Ова ќе биде прва средба со официјална Софија откако Румен Радев ја формираше новата влада по неколку годишна политичка криза. Тој во Тиват изјави дека единственото нешто што треба да направи Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот за да ги започне преговорите со ЕУ.