Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Македонија е подготвена за претстојните пожари, но има потреба и од привремени пожарникари

Ризичниот период за пожари во земјава се очекува да започне во првите денови од јули. Надлежните уверуваат дека годинава системот за справување со огнените стихии е значително зајакнат и подобро подготвен од претходно, со зголемен број пожарникари и дополнителна механизација на терен, со цел побрза и поефикасна интервенција при евентуални пожари. „Трите „ер трактори“ на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ризичниот период за пожари во земјава се очекува да започне во првите денови од јули. Надлежните уверуваат дека годинава системот за справување со огнените стихии е значително зајакнат и подобро подготвен од претходно, со зголемен број пожарникари и дополнителна механизација на терен, со цел побрза и поефикасна интервенција при евентуални пожари.

„Трите „ер трактори“ на Дирекцијата се сервисирани, двата сè уште се во Загреб поради временски непогоди односно невреме во Загреб. Пред неколку дена не можеа да се пренесат во Македонија. Денес попладне очекувам да дојдат но повторно во Загреб денес има најави за силно невреме коешто ги отежнува условите дали утре задутре во наредните денови тие ќе стигнат овде и благовремено ќе ги имаме во пресрет на сезоната на пожари“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Оваа година Дирекцијата е значително засилена со околу стотина нови пожарникари и со повеќе од 35 нови противпожарни возила. Но, и покрај засилувањето, најголем предизвик останува недостигот од способни и искусни возачи. На возачите им се нуди плата од 44000 денари месечно или 2150 евра за три месеци.

Реклама

„Заради организирано учество во гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување ѝ се потребни поранешни припадници на полицијата армијата и противпожарните единици за следните работи: Под еден возачи на специјалните противпожарни возила, односно пинзгауерите коишто ги имаме 23, хермелини 5 и БТРи 15 коишто се наменети во противпожарни возила.“

Во пожарите лани биле евидентирани 178 шумски пожари, опожарени биле повеќе од 17. 000 хектари шума, а изгореле повеќе од 280.000 кубни метри дрва. Македонија во 2025 година претрпела штета од околу 50,1 милион евра од шумските пожари.

Бојан Таневски