Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

ЈПДП: Пред предвидениот рок завршена санацијата на мостот на Маркова Река, од утре ќе биде во употреба

Заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвидениот рок и од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвидениот рок и од утре, тој ќе биде во целосна функција, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Средствата за санацијата биле обезбедени од буџетот на ЈПДП, а издвоената вредност изнесувала 4.619.800,00 денари без ДДВ.

-Ги известуваме граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци… дека заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 5 септември мостот ќе биде во целосна функција, се вели во соопштението од ЈПДП.

Во него се додава дека Јавното претпријатие со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата на мостот на Маркова Река на регионалниот пат Р1106, започнало со негова санација. Градежните активности, велат, се одвивале, забрзано и со темпо кое е прилагодено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот.

Реклама

-Градежните работи, пак, опфатија санацијата на горниот строј на мостот, при што се изврши отстранување на постојните дилатациони фуги, сливници, асфалтот и тротоарите. Се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, се изврши асфалтирање, како и изградба на нови тротоари со рабници и санација на парапетна греда. Градежните работи ги изведуваше Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, с. Бразда, додека надзорот го вршеше Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата беа обезбедени од буџетот на ЈПДП, а издвоената вредност изнесуваше 4.619.800,00 денари без ДДВ, велат од ЈПДП. 

Јавното претпријатие за државни патишта, нагласуваат, се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1.100 мостови на државните патишта на целата територија на државата и ја следи нивната состојба со цел зајакнување на  безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот.