Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Директорот на ЈП за ПУП од Прилеп, со вулгарни навреди, закани и пцовки до новинарите, ја „брани честа“ на Градскиот сообраќај ?!

По вчерашниот прилог за (не)функционалноста на четирите, нови градски еко-автобуси на метан,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашниот прилог за (не)функционалноста на четирите, нови градски еко-автобуси на метан, кои општина Прилеп ја чинат импозантни еден милон евра и кои беа набавени само пред една година, директорот на ЈП за Просторно и урбанистичко планирање, Илија Иваноски, си „достои“ на зборот дека својот став околу ова ќе го изнесе по завршувањето на состанокот во Скопје на кој присуствувал кога вчера ние го побаравме, и синоќа се јави. Но, не за да демантира, или пак да упати покана за прес-конференција на која би ги изнел своите контра-аргументи, туку за на највулгарен и на најпримитивен начин, со крајно недоличен вокабулар, во телефонски разговор од само 33 секунди, до вашиот известувач да упати сексистички навреди, закани со кривични пријави и „сочни“ пцовки кои не му доликуваат никому, а најмалку на еден функционер.

Меѓу другото, тој се понуди да не’ повозел со „новите, расипани автобуси за кои сме ширеле лаги“, за да видиме какви биле, а разговорот го заврши со  крајно вулгарна пцовка, нарекувајќи го вашиот известувач „скапано ѓубре“.

И се’ заврши на пцовката, по што разговорот, ако ова воопшто може да се нарече разговор, беше прекинат, без да ни се даде шанса да му ги поставиме прашањата кои се уште се без одговор: дали три од четирите нови автобуси навистина не се во возна состојба или пак, само така си стојат паркирани на прилепскиот Терминал, додека прилепчани своите потреби мораат да ги задоволуваат со двата автобуси (едниот стар и небезбеден, а другиот нов) и кои им се ставени на располагање само по неколу часови дневно ?!

Реклама

И покрај невидениот гнев и крајната недоличност на директорот, сепак во име на професионализмот и објективноста, Алфа и понатаму му стои на располагање за да си ја каже својата вистината.

Каролина Дурло