Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Болниците во Македонија со напредок: Пад на хоспитализации за кардиоваскуларни болести

Болничкиот систем во Македонија полека почна да се стабилизира – повеќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болничкиот систем во Македонија полека почна да се стабилизира – повеќе се работи на превенција, зголемување на болнички услуги, што пак носи помала потреба од тешки опреации. Како на пример, бројките покажуваат дека се помалку луѓе завршуваат во болница со срецеви проблеми. Фондот за здравство објави извшетај кој покажува дека во последниве две години, низ болничките соби поминале 194 илјади пацинети, истовремено буџетот за јавните здрасвтвени установи пораснал за 24 проценти и достигнаал 527,24 милиони евра.

“Во 2025 година паднати се хоспитализациите за кардиоваскуларни болести за 3 проценти. Треба да видиме дали е тоа тренд на намалување на овие болести што би не израдувало. Имаме пад на хоспитализациите поврзани со бременост и породување од 7,5 проценти што повторно е одраз на демографските промени што се случуваат. Растот на интервенции кај мускулно-скелетни и очни болести делумно е поради одлагањата на тие интервенции за време на ковид пандемијата кога се работеа само итни случаи”, изјави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Од Фондот велат дека регионалните болници постепено го подообруваат квалитетот и третираат се посложени случаи, а Битола е со најголем исчекор. Штипската болница пак покажува најголема сложеност во работата и изведува се покомплицирани интервенции.

Реклама

“Има напредок во 9 од 12 општи болници што е за поздравување. Од клиничките болници најголема сложеност покажува Клиничката болница Штип, а имаме најголем напредок во Клиничката болница Битола. ГОБ „8 Септември“ иако е формално општа болница, работи на ниво на клинички центар и работи сложени интервенции”, изјави Клековски.

Според првиот човек на Фондот, здравствениот систем не се користи правилно, односно има доволно кадар, но тој не е правилно распореден и тоа создава проблеми. Некаде има кадар, но нема ресурси, а некаде има и кадар и ресурси, но нема пациенти. Решението надлежните го гледаат во подобра распределба и поголема улога на општите болници, кои треба да преземат посложени интервенции за да се релаксира системот на повисоките нивоа.