Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Андоновски: Со Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор се усогласуваме со директивата на ЕУ

Македонија со Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија со Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор се усогласува со директивата на Европската Унија и европските политики во оваа област. Покрај податоците што институциите ги создаваат во рамки на своите надлежности, се опфаќаат и податоците и научните информации од истражувањата финансирани од Буџетот. Тоа е важен исчекор – знаењето создадено со јавни средства треба да биде достапно и употребливо за поширок општествен и економски бенефит.

Ова денеска го соопшти  министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на јавната расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор. 

– За државата и институциите, ова значи системско поместување кон целосна отвореност: јасни обврски, стандарди и процес – навремено објавување, машински читливи формати, квалитет и употребливост. Кај динамичките податоци, целта е достапност веднаш по прибирањето, преку API и bulk download, секако со целосно почитување на заштитата на лични податоци, доверливоста и безбедноста. За граѓаните ова значи полесен пристап до информации и поголема отчетност. За медиумите и граѓанските организации – посилна алатка за анализа и надзор. За бизнисот и стартапите – можност да создаваат нови услуги врз основа на јавни податоци и да поттикнат иновации, конкурентност и нови работни места, рече Андоновски.

Реклама

Клучно е, како што посочи, и начелото на повторна употреба: по правило, таа е слободна, бесплатна и не бара претходно одобрување, со ограничувања само по исклучок и под разумни услови, без нарушување на конкуренцијата.

– Денес, покрај расправата, сакам да нагласам и дека промовираме целосно редизајниран и технички унапреден Портал за отворени податоци — дата.гов.мк. Ова не е козметичка промена, туку сериозна модернизација, со што добивме значително поголема брзина и стабилност, но и клучно — повисоко ниво на безбедност. Заменет е и оперативниот систем, голем дел од старите екстензии беа нефункционални или без поддршка, па тие се преработени или изработени одново, а направена е и нова екстензија што е важно за подобро индексирање и видливост на порталот во пребарувачите. Како и  комплетно нов, модерен дизајн и ново лого на порталот, рече Андоновски.

Тој најави дека во рамки на настанот ќе биде промовиран и МДТ AI Assistant на data.gov.mk – интелигентен чат-бот интегриран со порталот за отворени податоци, кој им овозможува на корисниците природна интеракција, полесно и побрзо да ги пронаоѓаат податочните сетови преку семантичко пребарување, како и автоматски да добијат објаснувања и насоки за користење на CKAN API. Изрази задоволство што ова решение е развиено како практична соработка – со ангажман на студентите-волонтери во Министерството за дигитална трансформација и партнерство со Македонски Телеком.

– Ова е шести закон од Поглавје 10 со кој Македонија се усогласува за помалку од една година — мерлив резултат и јасна посветеност. Но, денес не претставуваме „готова работа“. Напротив, ја отвораме расправата за да слушнеме што е применливо, што треба да се доработи и како најбрзо да стигнеме до систем што ќе функционира во пракса, потенцира министерот Андоновски.

Програмскиот директор на Фондацијата „Метаморфозис“ Данче Даниловска – Бајдевска информира дека тие се организатори на јавната расправа, заедно со Министерството за дигитална трансформација.

– Концептот на отворени податоци се темели на принципот на отворен пристап и служење на народот преку зајакнување на граѓаните, подобрување на бизнис околината и поттикнување на информиран општествен и економски развој. Во Македонија во 2011 година почна овој системски концепт да се решава, а во 2014 година да биде донесен Законот за употреба на податоци од јавниот сектор, рече Даниловска – Бајдевска. Додаде дека како Фонација од самиот почеток се вклучени во овој, како што рече, важен процес за нас.

Станислав Василковски од Министерството за дигитална трансформација имаше презентација на чат-бот (chat-bot) и надградба на порталот за отворени податоци.