Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски.

Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град.

– Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално не-репрезентативен објект „накитен“ со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица – Скопје преку долготрајна акција и сет на активности – додаде Ивановски во објавата.

Реклама

За почеток, како што информираше тој, отстраниле се сите билборди и светлосни реклами, освен една, за која како што појаснува даден е рок од седум дена да се отстрани.

– Потоа се отстранија сите информативни постери што со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена. Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица. Процесот на враќање на нормалниот изглед на Железничката станица нема да е лесен процес, но, да почнеме денес – порачува директорот на ЈП „Железници инфраструктура“.

Додава дека во склоп на објектот има станица на МВР, па се заблагодари за соработката и помошта.