Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Откупувачи работеле без писмени договори и во незаконски услови – откри Комисијата за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за овошје и зеленчук, кои, според институцијата, се обиделе да го заобиколат и изиграат Законот за нефер трговски практики на штета на земјоделците.

Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

Меѓу утврдените неправилности се: непостоење на писмени договори за откуп, користење договори без задолжителните елементи предвидени со законот, како и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.

Реклама

Контролите на Комисијата опфатиле повеќе откупни центри кои откупувале овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.

Од институцијата најавија дека против субјектите кај кои биле утврдени прекршувања ќе бидат преземени соодветни санкции согласно законот.

Воедно, Комисијата за заштита на конкуренцијата апелира до сите учесници во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел да се обезбедат фер, правични и транспарентни деловни односи и да се заштитат правата на земјоделците од нефер трговски практики.