Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Брза помош повикана на рочиштето за „Пулс“ поради влошена здравствена состојба на Дејан Јованов‑Деко

Брза помош беше повикана на паузата од денешното рочиште за случајот „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брза помош беше повикана на паузата од денешното рочиште за случајот „Пулс“ во судницата во „Идризово“ поради влошување на здравствената состојба на првообвинетиот Дејан Јованов‑Деко откога неговата одбрана побара замена на притворот со мерка куќен притвор.

Адвокатката Коцевска на паузата во изјава за медиумите рече дека на Деко му била направена сериозна операција на лумбалниот ‘рбет на две нивоа. 

– И покрај жалбите за укинување на мерката притвор, таа не беше укината и беше вратен во притворски услови. Таму имаше импровизирачки третман од страна на нестручни медицински лица, кои придонесоа во петокот, на 17 април, да му биде извршена втора операција поради голем црвен оток, полн со гнојна содржина. Поради тоа, веднаш бил спроведен на итна операција, а денеска на најнехуман начин беше спроведен директно од болница на денешното судење иако во таква состојба тој треба да биде хоспитализиран. Неговата рана е отворена и подложна на дополнителна инфекција. Не е сошиена бидејќи таа би можела дополнително да собира гнојна содржина. Од овие причини одбраната јавно апелира и го истакна овој предлог пред судечкиот совет бидејќи по писмен пат нема никаква реакција – рече Коцевска. 

Реклама

По паузата, судот информира дека првообвинетиот на паузата се пожалил на влошување на здравствената состојба по што била повикана брза помош. 

– По извршената интервенција, судот информира дека на обвинетиот му е даден совет за земање храна и вода, што му беше понудено, но тој одби. Потоа брзата помош го информира судот дека по дадената интервенција, тој може да продолжи со следење на денешната расправа – изјави Груевска-Илиевски. 

Претходно денеска, одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.

Бранителката на Деко, адвокатката Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, изјави дека „мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење“.

Судијката Дијана Груевска-Илиевски рече дека судот е многу добро запознаен со здравствената состојба и поради итност, со негова согласност е однесен на операција во петокот.

– Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа денеска е спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа – изјави Груевска-Илиевски.

Од Јавното обвинителство рече дека ги сослушале наводите и по разгледување на документацијата, на крајот од денешната расправа ќе одлучат дали ќе се произнесат или тоа ќе го направат писмено.а европската интеграција.