Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Регистрирани две нови единки Балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

Националниот парк Шар Планина информира дека со нивниот видео надзор во заштитеното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот парк Шар Планина информира дека со нивниот видео надзор во заштитеното подрачје се регистрирани две нови единки на Балкански рис. Со овие два риса, сега евидентирани се вкупно пет вакви диви животни кои спаѓаат во категорија на ретки и загрозени видови.

-На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од три на пет. Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина, соопштија од НП Шар Планина.

На почетокот на 2026 година Национален парк Шар Планина најави дека годинава егзистенцијата на реткиот и загрозен вид на диво животно – балкански рис ќе има понтензивирано следење, како резултат на продлабочување на соработката со Македонското еколошко друштво (МЕД).

Реклама

Набавени се дополнителни фотозамки за мониторинг на дивиот свет. Ренџерска служба на националниот парк Шар Планина во 2024 година со камера го лоцираше рисот на локацијата Долна Лешница.

На планините пред сè западниот дел од државата се проценува дека има околу 40-тина единки. Присуството на рисот овие 20-тина години се евидентира со видеокамери поставени на десетици места во националните паркови Шар Планина, Маврово, Пелистер но и на Илинска планина, Јабланица, Галичица и заштитеното подрачје Јасен.