Како се наближува 16 март, кобниот ден кога пред речиси една година животот го загубија 63 деца од пожар во дискотеката во Кочани, така на голема врата се повеќе се политизира несреќата која ја зави Македонија во црно. Власта вели дека се сочуствува со семејства и дека се обидува да стори се што може за правдата да биде задоволена, оти штетата и жртвите нема како да бидат вратени, но тие се обидуваат да направат се за помош на семејствата.
Од друга страна , како што и претходно обвинуваа од власта, опозицијата во обид на добивање на политички поени , се обудува да го политизира случајот. При денешната посета на Кочани , премиерот Мицкоски рече дека иако овој пат дошол за добри вести и најава за инфраструктурни проекти, сепак секое доаѓање ќе го потсетува на страшната несреќа која засекогаш ќе остане врежана во сеќавањата на Македонија. Вели државата работи за помош и е тука за кочанчани.
Премиерот направи спредба на две големи трагедии – онаа во Кочани и онаа во Кран Моната, Швајцарија која се случи само неколку месеци подоцна.

Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана, можам да кажам едка неколку кратно подобро се справивме. Во сите параматри во сите споредби. За жал, не постои начин како да ги вратиме тие кои што за жал не се повеќе со нас. Но од аспект на системска реакција кога ќе го споредиме тој настан, со оној настан што се случи во дискотеката во Кран Монтана, неколку кратно подобро, верувале или не, системот македонски, институциите македонски, реагираа подобро отколку системот во Швајцарија и институциите во Швајцарија. И тоа се бројки. – рече Христијан Мицкоски – претседател на Владата.
Во пожарот во Швајцарија кој изби на новогодишната ноќ во 2026 година, животот го изгубија над 40 луѓе, а повеќе од 100 беа сериозно повредени. Според првичните наоди од истрагата, и оваа трагедија била предизвикана на сличен начин – од искри од огномет кои дошле во контакт со пена поставена на таванот од подрумот на зградата. Швајцарското обвинителство отвори кривична истрага против сопствениците на барот каде настана пожарот, а под истрага се ставени и локални функционери и градоначалникот на Кран-Монтана, поради сомнежи за пропусти во безбедносните инспекции.
Пожарот во кочански „Пулс“ пак однесе 63 животи, а над 200 беа повредени. Истрагата подоцна утврди дека во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Судскиот процес е во тек.
