Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работело под политички диктат на Заев, неговите адвокати интервенирале во предметот „Пуч“

СЈО, наместо како независна институција, дејствувало како партиски штаб на СДСM. Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СЈО, наместо како независна институција, дејствувало како партиски штаб на СДСM. Зоран Заев и луѓе блиски до него давале насоки и директиви кој предмет ќе биде одработуван, каде ќе биде распореден и кој треба да биде обвинет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, тврди дека четворица адвокати на Заев вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“.

Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК и да биде работен од СЈО.

Реклама

Истиот овој предмет потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Предметот бил оставен да фаќа прашина, а обвинителките не оделе на рочиште, што, според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес, ако се најде, сè уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен ниту разгледан.

Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање.

Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмета, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и „Нешковски“, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели.

Поради сериозноста на изнесените тврдења, неопходно е Јавното обвинителство темелно и непристрасно да ги истражи сите наводи, со цел вистината да излезе на виделина и да се утврди евентуална одговорност.

Само преку транспарентна и независна постапка може да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото.