Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Прилози

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

ВМРО-ДПМНЕ со уште една убедлива победа во низа, сега на изборите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ со уште една убедлива победа во низа, сега на изборите за градоначалник на Брвеница каде освоија речиси 3.000 гласа, односно нешто повеќе од 2.200 во однос на СДСМ, чиј кандидат воопшто и не оди во вториот круг. Таму на први ноември за градоначалничкото место ќе се борат Стојанчо Радичевски од владејачката партија и Аркин Јахији од коалицијата на ДУИ, кој освои нешто над 2.100 гласа. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од резултатите, очекува бројката на гласови за Радически во вториот круг да се искачи на 4.000, со што би се заклучила победата.

-Имаме предност од отприлика 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ, во однос на политичкиот конкурент СДСМ победивме  со разлика поголема од 4:1. И очекуваме сега во овој втор круг уште поголемо консолидирање и уште поголема победа за да ја заокружиме целосно победата на први ноември, изјави Мицкоски.

СДСМ пак преку весела математика во поразот од 4 спрема 1 си најдоа победа. Откако од синоќа почнаа да се обидуваат поразот да го претворат во успех, денеска никаде го нема лидерот Венко Филипче. Од Бихаќка повторно преку соопштение само напишаа дека поразениот бил победник, а победникот поразен. Игнорирајќи ја суровата реалност дека стануваат маргинален политички фактор во државата, си имаат своја апсурдна интерпретација на резултатите. Се фатија за микро бројки, според кои сега осовиле 225 гласови повеќе од лани. 

Реклама

-СДСМ има 46 проценти повеќе гласови од минатиот пат. Тоа е единствената вистина.СДСМ не е задоволен со резултатите. Задоволен е што и покрај сите напади од ВМРО, од оние што ја предадоа СДСМ од Платформата ЗНАМ 2.0 – новиот сателит на Мицкоски, од сите други – граѓаните го препознаваат новото раководство.  Задоволен е што расте довербата. Што граѓаните гледаат дека СДСМ води битка против организираната криминална банда, велат од СДСМ.

Од платфорамта „Разговори за иднината во 12:05“ го обвинуваат Венко Филипче и тие околу него дека одработувале за ВМРО-ДПМНЕ. Упатуваат и прашања до раководството на СДСМ.Меѓу кои и тоа – колку анкети се направени за потребите на раководството на СДСМ, кои покажуваат дека партијата во изборната единица 6, веќе не може да се надева на ниту еден пратенички мандат. И најважното – уште што треба да и се случи на партијата за Филипче  и неговата фракција да разберат, дека треба веднаш и без одлагање да ја напуштат Бихаќка?

-Сите останати се борат да победат само Филипче и фракцијата слават и кога губат: Четвртото место на СДСМ во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партиајта. Другарот Јовица Радески беше доведен пред свршен чин откако претходно неколку истакнати членови не прифатиле кандидатура. Не постои поголемо понижување за историјата на СдСМ од нивниот очај дека освоиле 225 гласа повеќе во споредба со 2025-та, а во исто време го премолчуваат фактот дека кандидатот има 57 гласа помалку од гласовите на советничката листа на СДСМ пред една година, велат од Платформата „Разговори за иднината 12:05“.

Реагираше и поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицковски. Според него само Филипче може да биде задоволен од своите весели математики.

-Ти братко можеш до утре да бидеш задоволен и да си правиш весели математики на кои луѓе ти се смеат, а неколку будали околу тебе ти ракоплескаат. Мораш да си задоволен и треба да си, пошто работиш за газда кој те држи на слобода и те спасува од кривична одговорност, ама сите други во државава кои и мислиме нешто добро на земјава, на народов и на самите себе, сме далеку од задоволни, пишува Ивор Мицковски.

Остра критика до Филипче упати и поранешниот градоначалник на Лозово Ацо Велковски. Му фрли ракавица на актуелниот лидер, велејќи дека е подготвен да ја преземе и консолидира партијата.

Матеја Петровски