Три деца, на возраст од 5, 8 и 11 години, како и еден наставник, се убиени, откако 16-годишник, жител на градот Бенд, во Орегон, влегол во основно училиште и почнал да пука, соопшти полицијата. Граѓанин, кој го забележал тинејџерот како влегува во основното училиште околу 13 часот, влегол по него, по што дошло до размена на оган, при што напаѓачот бил убиен уште пред да пристигнат полициските службеници. Според надлежните, повредени се и едно 7-годишно дете и уште еден 54-годишен наставник, кои се пренесени во болница. Според полицијата, сè уште не е јасно дали напаѓачот имал каква било врска со училиштето, каков конкретен тип на оружје користел или колку куршуми испукал. Од полицијата наведоа дека напаѓачот бил 16-годишен локален жител, но не открија дополнителни детали за него, ниту пак го открија идентитетот на жртвите. Минатата година во американските училишта се случиле 235 инциденти со пукање, а оваа година, досега, најмалку 140.