Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

По Скопје, и кумановци ќе добијат почисти улици и тротоари. Најголемата општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Скопје, и кумановци ќе добијат почисти улици и тротоари. Најголемата општина во Македонија се очекува да блесне со поддршка на Владата, преку модернизација на комуналниот возен парк. Со новите пет специјализирани возила, кумановци се надеваат дека хигиената ќе биде на далеку повисоко ниво. Низ улиците ќе кружат и ќе го собираат ѓубрето две мултифункционални возила, специјално наменети за подигање на отпадот, една цистерна за чистење на улиците и пренесување на вода и две метлачки, наменети за одржување на хигиената и јавните површини.

„Министерството за транспорт, во соработка со Светска банка, направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово“, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Градоначалникот на Куманово, Димитриевски, се извини поради нередовното собирање на сметот, посочувајќи дека причината се честите дефекти на старите возила.

Реклама

„Во мое лично име и во име на директорот на јавното претпријатие сакам да им се извинам на сите граѓани, особено на оние од приградските населби, поради нередовното сервисирање на сметот. Причина се зачестените дефекти и техничките проблеми со возилата кои ги имаме на располагање“, рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Новите комунални возила се само дел од пошироката поддршка за Куманово. Владата вложува и во подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на кумановци.

„Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик околу 328“, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Димитриевски потенцираше дека донацијата е дел од пошироката соработка со Владата и информираше дека општината аплицирала на повеќе повици за кои, како што рече, добила позитивни одговори.

„Во моментов се имплементира проектот за реконструкција на градската капела, а најавена е и изградба на мост на Крива Река кај селото Довезенце, како и реализација на други инфраструктурни проекти, вклучително и изградба на улици“, информираше кумановскиот градоначалник.

Наскоро се очекува и модернизација на јавниот превоз во Куманово. Од вкупно 150 нови автобуси што треба да пристигнат за потребите на Скопје, дел ќе бидат наменети и за Куманово, со што граѓаните ќе добијат посовремен и пофункционален превоз.