Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николоски: Работиме на зголемување на линиите меѓу Скопје и Куманово, возот е најбрз, најевтин за граѓаните и најеколошки превоз

Владата и Железници – Транспорт работат на зголемување на линиите меѓу Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и Железници – Транспорт работат на зголемување на линиите меѓу Скопје и Куманово, бидејќи цените на билетите се далекува поевтини, најави денеска од Куманово, вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој истакна дека минатата недела стартуваше градскиот воз во Скопје, а веќе ефектите се добри. Досега оваа линија ја имаат користено 1.500 патници и тоа за само три дена.

– Очекувам навистина, во едно брзо време да стигнеме до 100.000 патници кои го користеле градскиот воз.​ Вториот проект е меѓуградски воз помеѓу Скопје и Куманово. Знаете дека пилот има и во моментов, двапати дневно сообраќа воз на линија Нова железничка станица – станица Куманово. Работиме заедно со Железници – Транспорт на интензивирање и зголемување на фреквенцијата, затоа што цените се далеку, далеку поевтини-вели Николоски. 

Вицепремерот Николски истакна дека во моментов билетот за патување со воз од Куманово до Скопје и тоа во еден правец е 87 денари, а во двата првци е 140 денари. Жителите на Куманово кои патуваат со воз до своите работни места или до факултетите во Скопје месечно ги чини 1.850 денари. 

Реклама

-Што е далеку поевтино од кој било друг превоз кој што може да се најде. Да не зборувам дека кога се патува со возило или со автобус, не знаете кога ќе стигнете, колку ќе има гужва и така натаму. Така што возот дефинитивно е најбрзо средство за комуникација, најевтино, а и најеколошко, и ќе правиме силна промоција во следниот период да се користи-изјави Николоски кој присуствуваше на примопредавање на нови комунални возила во Куманово.