Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДСM затоа што кај нив се крадеше од чистачка до премиер

Колегите од СДСM очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колегите од СДСM очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите – се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. 

Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДСM немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДСM.

Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДСM. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДСM и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост.